NAIM ја отвори 36. Меѓународна изложба на иновации и нови технологии „Пронаоѓаштво – Белград 2021“

По покана од Сојуз на пронаоѓачи од Белград, Националната асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (НАПМ/NAIM) ја имаше честа да ја отвори 36. Меѓународна изложба на иновации и нови технологии „Пронаоѓаштво – Белград 2021“, Република Србија, на 1 јуни 2021. Церемонијата на отварањето ја изврши Претседателот на NAIM, Мирко Узелац. Меѓународната изложба на иновации и нови технологии „Пронаоѓаштво – Белград 2021“, која се одржа од 1 до 3 јуни 2021, беше во организација на Сојузот на пронаоѓачи од Белград. На изложбата, која се одржа „во живо“ во Етнографскиот музеј во Белград, пред многубројната публика свои иновации изложија пронаоѓачи од 15 земји, меѓу кои и од Македонија.

Во силна конкуренција, македонските пронаоѓачи освоија вредни награди од страна на Стручното жири. Во Стручното жири учествуваше и македонскиот претставник – Слободанка Трајковска, од Државниот завод за индустриска сопственост.

СРБИЈА, БЕЛГРАД

Награди добија:
Михаил Арсовски – Златен медал
Борис Дескоски – Златен медал
Живка Николова – Димитриевска – Златен медал
Драган Јованов – Златен медал
Ирена Димитриевска – Сребрен медал
Владимир Филевски – специјална награда за посебен придонес за развој на пронаоѓаштвото – Златен медал, од Руската железничка асоцијација.

На свечената промоција организирана од NAIM, одржана на 6 јуни 2021 на „Зелениот покрив“ на Домот на културата „Кочо Рацин“ („Домот на градежниците“), наградите на пронаоѓачите им ги врачи Мирко Узелац, претседателот на NAIM.

Свечено доделување на наградите, Скопје (нов зелен покрив на Дом на Градежници)

Голема благодарност до ГРАД СКОПЈЕ, кој безусловно даде паддршка за реализација на овој настан и одстапување на новата атрактивна локација во центарот на градот „Зелениот покрив“ на Домот на културата „Кочо Рацин“.
Настанот беше емитуван и во живо директно на официјалната Facebook страна на NAIM :