NAIM ги презентираше своите најнови достигнувања во областа на иновациите, пред членовите на IT Labs, со кои се потпиша меморандум за соработка

На ден 17. Декември во просториите на IT Labs, NAIM ги презентираше своте најнови достигнувања во областа на иновациите, пред членовите на IT Labs, со кои нашата Асоцијација потпиша меморандум за идна соработка.

Претседателот на NAIM, Мирко Узелац имаше свое поздравно обраќање на свеченоста каде изрази голема благодарност до компанијата и Директорот за Иновации Благој Ќупев кој имаше трпение да не сослуша во заеднички интерес со цел нашата Асоцијација да биде поддржана од It Labs за нашите проекти со цел на заеднички интерес.

It Labs компанијата е поддржувач на се што е прогресивно од повеќе различни области, во кои делува и NAIM (Меѓународни патентни пријави).

Во чест на идната соработка на настанот од страна на Претседателот на NAIM, Мирко Узелац му беше врачен сертификат како компанија поддржувач на Дирекорот за Иновации на IT Labs, Г-дин Благој Ќупев.

Како NAIM цениме дека оваа соработка е од исклучително значење како за нас така и за IT Labs. Со цел на реализација на нашите иновации во интерес на пронаоѓачите на Македонија.

Ова е пример како компаниите и НАИМ го бараат својот пат на светскиот пазар.

Овој вид на соработка може да биде пример и за сите останати компании кои се борат за своето место на иновацисиките технологии во светот.

Мирко Узелац | Претседател на Национална Асоцијација на Пронаоѓачи на Македонија