Nовинарска екипа од италијанскиот The Patent magazine ќе известува од ИНОВАМАК 2020

Nовинарска екипа од италијанскиот The Patent magazine ќе известува од ИНОВАМАК 2020

Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија (NAIM) договори медиумско партнерство со италијанското списание The Patent magazine кое еспецијализирано за следење на патенти, иновации и нови технологии. Ова интернационално списание е медиумски партнер и на IFIA – Светската федерација на асоцијации на пронаоѓачи.

Четиричлена новинарска екипа од овој специјализиран светски магазин директно ќе го следи нашиот саем на иновации ИНОВАМАК 2020 кој ќе се одржи од 8 до 10 септември 2020 година во Домот на АРМ во Скопје, со надеж дека до тогаш ќе биде решена ситуацијата со корона вирусот. The Patent magazineќе има и свој штанд на ИНОВАМАК 2020. Учесниците на саемот ќе имаат можност директно на италијанските новинари лично да им ги претстават своите патенти, иновации и нови технологиии.

Со оваа соработка се зголемуваат можностите за поголема меѓународна афирмација на нашите пронаоѓачи  и компании и нивните патенти, иновации, и нови технологии. На нашите членови-пронаоѓачи и на компании кои го имаат статусот на „Членки – поддржувачи на NAIM“ ќе им биде овозможена директна комуникација со заинтересирани компании од целиот свет, преку страниците на списанието The Patent magazine.