III МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА ПАТЕНТИ, ИНОВАЦИИ И НОВИ ТЕХНОЛОГИИ ИНОВАМАК 2019
24 – 26 септември 2019 Дом на АРМ – Скопје, Република Северна Македонија
Во Скопје е одржан третиот меѓународен саем на патенти, иновации и нови технологии ИНОВАМАК 2019. Организатор на саемот е Национална Асоцијација на Пронаоѓачи на Македонија (NAIM), Су-организатори се Машинскиот факултет при Универзитетот “ Св. Кирил и Методиj“ од Скопје, Фондот за иновации и технолошки развој, a спонзори беа Министерство за Одбрана, Министерство за Образование и Наука, Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС), Електрани на Македонија и Панекс – Скопје.
На овој саем своите пронајдоци ги претставија следните држави: Н.Р Кина, Руската Федерација, Индија, Канада, Германија, Чешка, Полска, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Р. Српска, Египет, Тајван, Иран, Србија, Малезија, Казахстан, Австрија, и земјата домаќин Република Северна Македонија со околу стотина пронајдоци.
На чинот на свеченото отворање на саемот, по поздравното обраќање на г-дин Мирко Узелац – Претседателот на NAIM , присутните ги поздравија г-дин. Хусеин Хујиќ – генералниот директор на IFIA (Светска федерација на асоцијации на пронаоѓачи), проф. д-р. Ксуан Зенгпеи – потпретседател на Сојузот на пронаоѓачи на Народна Република Кина и претставник во Обединетите Нации, проф. д-р Винфрид Штурм – претседател на германското здружение на пронаоѓачи и воедно Амбасадор на STEM – едукација и менаџер на мрежата на младите иноватори во IFIA, г-дин. Мирко Митиќ – регионален претставник на Московскиот АРХИМЕД КЛУБ за Балкан, проф. д-рР Евгениј Николаевич Богданов – претставник на Руската Федерација, начелник за информирање на Московскиот Волгатех Универзит и градски пратеник, дипл. инж. Предраг Ковач – претставник на Р. Чешка и кординатор на Чешкиот сојуз на пронаоѓачи за Балкан, г-дин. Матија Жугец – Генерален секретар на здружението на пронаоѓачи на Р. Хрватска и дипл. инж. Светлана Дашиќ – потпретседателка на Сојузот на пронаоѓачи на Београд, Србија. Во оваа прилика сите претставници на странските делегации му врачија највисоки признанија на Претседателот на NAIM г-дин Мирко Узелац по повод на неговиот јубилеј 40 години од поднесувањето на неговата прва патентна пријава во далечната 1979 година и му посакаа многу успех во иноваторското творештво и унапредувањето на пронаоѓаштвото во светот. Исто така за унапредувањето на пронаоѓаштвото, високи признанија му беа врачени на секретарот на NAIM г-дин. Владимир Филевски од страна на: проф. д-р Шуан Ценгпеи, проф. д-р Винфрид Штурм, проф. д-р Евгениј Николаевич Богданов и г-дин Матија Жугец.
По овој дел од свеченото отворање на ИНОВАМАК 2019 поздравни говори одржаа: проф. д-р Радмил Поленаковиќ од Машинскиот факултет при УКИМ од Скопје, г-дин. Горан Герасимовски заменик на директорот на ДЗИС и г-ѓа. Неда Икономова од ФИТР.
Свеченото отворање е завршено со неколку музички нумери изведени од познатата македонска виолинистка Пламенка Трајковска, член на Македонската Филхармонија.
Членови на оценувачката комисија
Хусеин Хујиќ генерален директор на ИФИА
Проф.Др.Радмил Поленаковиќ Машински Факултет
Дипл.ел.инг Али Асани ДЗИС
Дипл.инг Светлана Дашиќ Потпретседател на Сојуз на пронаоѓачи на Белград
Дипл.инг Слободанка Трајковска ДЗИС
Дипл.инг Ирена Данева ДЗИС
По долгогодишната запоставеност на оваа племенита и возвишена активност, пронаоѓаштвото во Македонија полека но сигурно почнува да се враќа на голема врата. Секако голем придонес во тоа има NAIM, кој за многу кус период успеа да ги обедини македонските пронаоѓачи, пружајќи им директна помош, почнувајќи од бесплатна изработка на патентните пријави, па се до презентирањето во странство на нивните патенти на голем број на меѓународно признаените саеми, што секако е овозможено со полноправното членство на NAIM во IFIA ( Меѓународна федерација на асоцијации на пронаоѓачи), нејзиното членување во Московскиот “Архимед клуб“ како и во индокинеската CIIS асоцијација. NAIM и понатака пристапува во нови меѓународни организации кои ги соединуваат пронаоѓачите а со единствена цел, на своето членство да му овозможи широка комуникација и реализација на патентите .
Присуството на голем број на странски делегации на ИНОВАМАК 2019 е доказ за големиот углед кој NAIM го стекна за мошне кус период од своето настанување во 2016 година.
NAIM и понатака ќе продолжи со својата племенита и возвишена мисија за унапредување на македонското пронаоѓаштво.