II MEЃУНАРОДЕН САЕМ НА ИНОВАЦИИ, ПАТЕНТИ И НОВИ ТЕХНОЛОГИИ ИНОВАМАК 2018

Одржан во ДОМ НА АРМ ВО СКОПЈЕ 21-23 Септември 2018 во организација на Национална Асоцијација на Пронаоѓачи на Македонијa ( НАИМ) како полноправна членка на Светската федерација на асоцијации на иноватори (ИФИА)

 

На ИНОВАМАК 2018 учествo земаа  двојно повеќе држави одколку на претходниот ( првиот меѓународен  саем на иновации ,патенти и нови технологии 2017) исто така одржан во домот на АРМ пред една година . Со зголемувањето на бројот на држави учеснички двојно е зголемен и бројот на изложените трудови кои беа прикажани во форма на експонати , прототипови и постери.

На Иновамак 2018 учествуваа 20 држави со102 врвни патенти и од кои 98 конкурираа за награди

Држави учеснички

Р. Кина ,Руска Федерација, Соединети Американски Држави, Индија ,Тајван, Сирија, Мароко, Канада, Полска,Чешка, Бугарија , Романија , Кореја , Србија, Босна и Херцеговина со Република Српска, Хрватска, Словенија , Црна Гора , Македонија .

 

Комисија за оценување во состав:  

*Али Асани Дипл.ел.инг.Државен завод за индустриска сопсвеност. Претседател на комисијата

*Светлана Дашиќ  Дипл. маш. инг. Пот претседател на сојуз на пронаоѓачи на Београд член.

*Ирена Данева  Дипл.маш.инг Државен завод за индустриска сопсвеност. член

*Слободанка Трајковска Дипл.инг. Државен завод за индустриска сопсвеност. член

*Борко Бабаљ овластен претставник на ИФИА член.

*Мирко Митиќ регионален претставник на АРХИМЕД КЛУБ од Москва и сојуз на пронаоѓачи на Руска федерација.

Изложени трудови:

На семот беа изложени иновации, патенти и нови технологии од повеќе различни области .Од авионски млазни мотори до патентиран нов вид на стоматолошки инпланти како и нов вид на опрема за нивно вградување, камп куќи со систем за природна климатизација наменети за нај висок облик на туризам во кој храна и пијалоци  се служат со дронови, до импланти за колено и лакот, апарат кој со допир на тело преку нано честички комплетно ја прикажува крвната слика, истражувачка подморница, ЕКО-Сан централа  со модули, за поизводство на ел.енергија, греење,и топло изменувач каде сончевата енергија се собира со два нови вида коцентратори, при што сончевата енергија ја транспортираат преку светлопроводни кабли , па се до машина која сама се качува на канделабри за улично осветлување сама ги чисти и фарба ,како и многу други.

Во ваква силна конкуренција комисијата за оценување имаше изузетно тешка работа.

На овој саем НАИМ воведе и еден раритет, а тоа е да на секој иден саем биде претставен и по еден патент од старите македонски пронаоѓачи, како спомен на нив, од кои некои се веќе починати. За оваа прилика беше изложен прототипот на пронајдокот од  нашиот покоен иноватор Г-дин Трајко Димковски “ Мулти функционален додаток за дребонг “. Во далечната 1969 година овој пронајдок доби медал на меѓународниот саем на пронајдоци во Нирнберг во Германија. Уредот е во примена од тогаш , а се уште е фасцинантна  неговата прецизност .Постхумно му е доделен златен медал кој го прими неговиот поносен син Владимир Димковски.

Свеченото отворање започна со уводен збор на претседателот на НАИМ Мирко Узелац по што беа одржани поздравни говори од овластениот претставник на ИФИА Г-дин Борко Бабаљ. Г-дин Проф. Д-р Драги Рашковски генерален секретар на Владата на Р,Македонија, Претставник на Фондот за иновации и технолошки развој на Р.Македонија Невена Икономова и Слободанка Трајковска претставник на Државниот завод за индустријска сопственост на Р.Македонија.

По обраќањето до гостите саемот го прогласи за отворен  претседателот на НАИМ Мирко Узелац.

ПОКРОВИТЕЛИ

IFIA

Влада на Република Макединија

 

ПОДРЖУВАЧИ и СПОНЗОРИ  

Министерство за Одбрана на Р.Македонија

Фонд за иновации и технолошки развој на Р.Македонија

Државен завод за индустриска сопственост на Р.Македонија

ЕЛЕМ ( Електрани на Македонија )

ПАНЕКС – Скопје

ЕМИТЕР ( Единствено научно техничко списание во Р.Македонија )

 

ВКУПНО ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИ

Златни медали 65

Сребрени медали 13

Бронзени медали 11

 

СПЕЦИЈАЛНИ НАГРАДИ доделени на  НАИМ и членовите на Наим

Од Државниот завод за индустриска сопственост Плакета и 5.000,00 денари

Награда за Марјан Ненов     ( пријавен патен )

Награда за Данијела Ризова   ( жена иноватор )

Награда за Влатко Поповски  ( за дизајн )

 

Од Р.СРБИЈА Специјално признание голем златен медал со ликот на Никола Тесла и

3  Златни медали со ликот на Никола тесла

Од  Р. СИРИЈА 3  Златни медали и дипломи

 

Од РУСКА ФЕДЕРАЦИЈА    Орден доделен од  Сојузот на иноватори на Р.Ф и Архимед Клуб  за заслуги на меѓународно унапредување на иноваторството за Мирко Узелац

Златен Пехар за Златко Панков

Златен Пехар за  Марјан Ненов

Златен Пехар  за  Владимир Филевски

Од РОМАНИЈА                  три   Златни медали

Од Р.СРПСКА                     три   Златни медали

 

ПОСЕБНИ НАГРАДИ

Гостите од странство и дел од домашните иноватори кои учествуваа во организацијата на саемот .

,по една оригинална графика им подари акадмскиот сликар ДЕНИ ТАСИЌ

 

Златни Плакети доделени од НАИМ за унапредување на пронаоѓаштвото

Г-ѓа    Светлана Дашиќ ( Сојуз на пронаоѓачи на Београд )

Г-ѓа    Слободанка Трајковска ( ДЗИС)

Г-ѓа    Ирена Данева                   ( ДЗИС)

Г-дин Али Асани     ( ДЗИС)

 

Сребрени плакети за посебен ангажман во реализација на ИНОВАМАК 2018

Г-ца   Леонина  Пекевска Корнети

Г-дин  Дени Тасиќ

Г-дин Михаил Арсовски

Марко Шипка ( од подмладокот на НАИМ)

 

 

Каталог од ИНОВАМАК 2018 е во подготовка и ќе биде дополнително објавен