Пет години Национална Асоцијација на пронаоѓачи на Македонија

Измината Среда на (7.јули 2021) се оддржа свеченоста по повод одбележувањето на петгодишнината од постоењето на Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија (НАПМ), којашто се одржа на зелениот покрив на Домот на градежници во Скопје.

Претседателот на НАПМ, Мирко Узелац имаше свое поздравно обраќање на свеченоста, а за досегашната успешна соработка меѓу НАПМ и Град Скопје, како и за логистичката поддршка што Град Скопје ја дава во реализацијата на активностите на НАПМ на институцијата Град Скопје и додели плакета, која во името на градоначалникот Петре Шилегов ја прими Претседателката на Советот на Град Скопје Љубица Јанчева.

Во чест на петгодишниот јубилеј на свеченоста беше презентирано и промотовиното видео за работата на НАПМ во изминатите 5 Години, изработено од младиот член на асцоијацијата Марко Шипка. Исто така беа  промовирани и најновите технолошки и социјални иновации на индивидуалните таленти – авторите/иноваторите, членови на НАПМ, а две од нив беа презентирани како иновации кои може да се применат во Градот Скопје.

Свој говор и присутво покрај Градоначалникот на Општина Центар – Саша Богдановиќ, Државниот Секретар на АРМ – Драган Николиќ и Претседателката на Советот на Град Скопје – Љубица Јанчева, имаше и Директорот на Државниот Завод за Индустриска Сопственост – Горан Герасимовски.

Тој истакна дека наголемата иднина на Република Северна Македонија се токму македонските пронаоѓачи кои со своите иновации прават големи промени во целото општество, а со тоа и олеснување на животот на сите граѓани. Герасимовски на чело на ДЗИС продолжуваат и понатаму со целосна поддршка на Национална Асоцијација на пронаоѓачи на Македонија.

Во продолжение погледнете го промотивното видео на НАПМ и изјавата на Директорт на ДЗИС, Горан Герасимовски:

Промотивни видео за досегашната работа на NAIM
Видео изјава на Директорот на ДЗИС и снимки од настанот