Информaција од IFIA

Информaција од IFIA

Од страна на Интернационалната федерација на асоцијации на пронаоѓачи IFIA, Националната Асоцијација на Пронаоѓачите на Македонија (NAIM) како нејзина постојана и полноправна членка е информирана за следото:

IFIA му се заблагодарува на г-дин. Андрe Ианку, директор на USPTO (Американскиот државен завод за заштита на патенти и трговски марки) за подршката на пронаоѓачите во ситуација со коронавирусот. USPTO ги подржува пронаоѓачите и стопанствениците во рамките на помошта од коронавирусот.
 

USPTO најавува продолжување на одредени временски рокови врзани за заштита на патенти и трговски марки согласно Законот за помош при коронавирусот и помош за економската сигурност.

Американскиот државен завод за патенти и трговски марки (USPTO) најави продолжување на рокот за поднесување на одредени документи кој се однесуваат на патенти и трговски марки, како и роковите за плаќање на одредени надоместоци. Ова е согласно со временото овластување кое на USPTO му го овозможува Законот за помош од коронавирусот и економската сигурност (CARES Act) кој е потпишан од претседателот Трамп на 27 март оваа година.

„Пронаоѓачите и стопанствениците се животна сила на нашата економија. Знаеме дека многумина од нив имаат проблеми како резултат на Ковид 19“ рече подсекретарот за трговија и интелектуална сопственост и директор на американскиот уред за патенти и трговски марки Андре Ианку.

„Работиме на давање на што поголем број олеснувања на нашите заинересирани страни, во склад со нашите можности да го одржиме USPTO-вите операции кои се финансираат од буџетот. Посебно го имаме на ум големото влијание врз малите компании како и независните иноватори (физичките лица), па обезбедивме дополнителни олеснувања за овие групи. Нашата цел е не само да преживеат, туку гордо да чекорат напред“ .
USPTO извршил оперативни прилагодувања со цел на заштита на своите вработени и јавноста, и останува отворен за работа. Состаноците и разговорите со лиценцираните пребарувачи/испитувачи се одржуваат по телефонски и видео/интернет врски.

Ваквата брза реакција на американскиот државен завод е само потврда на посветеноста и разбирањето на Соединетите американски држави за важноста на патентите и нивната тесна врска со развојот на економијата. Не е ни чудо што ваков економски гигант како што се САД има ваква перцепција за патентите, доволно е да се види нивната економска развиеност и да се донесе заклучок.

За жал некои земји во светот воопшто не ја гледаат нераскинливата врска помеѓу патентите (пронајдоците) и економијата. А каде тоа води сами сме сведоци. Андре-Ианку-Потврда-2018201804112232