Учество на НАИМ во
Активности на ЕУ проектот “Иновациски Центар: Компаративна предност за поголема конкурентност“
ИЗВОРЕДНО РЕАЛИЗИРАН ЕУ ПРОЕКТ
“Иновациски Центар: Компаративна предност за поголема конкурентност“
од страна на
ФОНДАЦИЈА ЗА РАЗВОЈ НА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА Куманово
Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија, изреализира извонреден проект во кој му е дадено вистинско место на иноваторството и пронаоѓаштвото , а во кој учествуваа и поголем број на претставници од НАИМ.
Во минатото во многу проекти од различни организации , воглавном финансирани од ЕУ, правени се проекти во кои , на некој начин е злоупотребуван терминот “Иновации и иноваторство“ во кои сувопарно е третирано значењето на иноваторството, пронаоѓаштвото и важноста на заштитата на индустриската сопственост. Ова е еден од првите успешни проекти во кои, на вистински начин е третирана оваа прогресивна и племенита дејност и каде што за прв пат, директно се вклучени и пронаоѓачите , кои претставија дел од своите пронајдоци – прототипови. Тука може да ги издвоиме иноваторите, Влатко Поповски , Марјан Ненов, Даниела Ризова, кои ги претставија своите прототипови пред голем број мали и средни претпријатија. Свои неколку излагања имаше и Претседателот на НАИМ, Г-динот Мирко Узелац, кој и директно одговараше на прашањата поставени од присатните претставници на компании, кои учествуваа во импозантен број. Предавањата на Проф. Д-р Орце Симов од УМФ Тренинг , Доц. Д-р Самоил Малчески, М-р Зоран Велковски и други предавачи беа изузетно добро осмислени. Проектот е раководен од Г-дин Димитар Ташевски со неговиот тим и блиските соработници. Направен е и голем број на меморандуми и договори за соработка помеѓу компаниите учесници, што овој проект го прави уште по вреден.
Местото на завршната свеченст од овој проект внимателно е одбрано, не случајно тоа беше во комората на занаетчиите од Куманово. Инаку да не заборавиме дека Куманово беше еден од индустриски најразвиените градови во поранешната Р.С.Македонија, благодарејќи токму на кумановското занаетчиство. Со ваква организација како што е “Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија од Куманово“ раководена од млади и способни луѓе, Куманово и регионот полека но сигурно ќе се врати на местото на индустрискиот примат во Р.С.Македонија, а за добробит на сите нејзини граѓани.
НАИМ упатува искрени честитки и ќе продолжи со поддршката и соработката со Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија од Куманово.
Претседател
Мирко Узелац