УЧЕСТВО НА НАИМ на 16-та МЕЃУНАРОДНА ИЗЛОЖБА НА ИНОВАЦИИ АРКА 2018 и 10-ти САЕМ НА ИНОВАЦИИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВО ПРЕХРАМБЕНАТА ИНДУСТРИЈА И ЗЕМЈОДЕЛСКА МЕХАНИЗАЦИЈА –АГРО АРКА, 18-20 Октомври 2018 Национална универзитетска библиотека во ЗАГРЕБ Р.ХРВАТСКА

Изложбите АРКА 2018 и  АГРОАРКА 2018 се истовремено одржани од 18 – 20  Октомври 2018 во Националната универзитетската библиотека во Загреб при што претставниците на сојузите на пронаоѓачи  и сите останати учесници, беа срдечно пречекани од колегите од Сојузот на иноватори на Хрватска претставувани од претседателот Г-дин. Иван Брачиќ и генералниот секретар Г-дин Игор Дујмовиќ.

На оваа изложба претседателот на НАИМ  Мирко Узелац со цел јакнење на соработка помеѓу асоцијациите на пронаоѓачи, во смисла на поголема реализација на патентите и трансвер на технологии, оствари поединечни средби  со: Претседателот на сојузот на иноватори на Хрватска  г-дин. Иван Брачиќ, Извршниот Директор на ИФИА г-дин. Хусеин Хујиќ, Заменик Претседател на асоцијацијата за пронаоѓаштво  на Р. Кина  г-дин. Хуан Зенгпеи, Кординатор на ИФИА и претставник на Иранската Асоцијација на пронаоѓачи г-дин. Камиар Фарамарзи , Претседателот на Сојузот на пронаоѓачи на Беoград  Г-дин. Ѓуро Борак, како и со претседателите и пронаоѓачите на Хрватските сојузи на пронаоѓачи, Г-дин. Марко Бубаш ( Карловачка жупанија) Г-дин Ервин Матиќ

Борис Укиќ и др. На овие средби  начелно се договорени конкретни заеднички активности со цел на меѓусебна соработка.

 

НАИМ се претстави со четири патентирани трудови од своите пронаоѓачи  при што се освоени три медали и  специјална награда  за нај добра иновација:

Златко Панков  “ Шаторска куќичка со дрвена конструкција и природна климатизација“

Златен медал и  специјална награда за најдобра иновација од Првиот Институт на Иноватори и Истражувачи на И.Р. ИРАН ( веќе реализиран извоз во Хрватска и Австрија)

Борис Секирарски  “Елекронски водена интернет прогноза“

Сребрен Медал ( предизвикан  интерес од страна на стручни лица  )

Марјан Ненов  “  Еко Сан Централа “

Бронзен медал ( предизвикан  интерес од стручни лица и од посетителите)

Влатко Поповски  “ Фитнес столче “

Диплома  ( за овој патент е разгледана можност за партнерство )

 

На изложбата вкупно беа изложени 148 трудови, од кои 103 домашни и 45 од странски изложувачи Р.Кина , Полска ,Иран ,Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија

Од страна на НАИМ  доделени се Златни плакети за унапредување на пронаоѓаштвото на

претседателот на сојузот на иноватори на Хрватска г.дин Иван Брачиќ, генералниот секретар Г-дин Игор Дујмовиќ, заменик Претседател на асоцијацијата за пронаоѓаштво  на Р.Кина  г-дин. Хуан Зенгпеи, Кординатор на ИФИА и претставник на Иранската Асоцијација на пронаоѓачи г-дин. Камиар Фарамарзи