РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ ОБУКА ЗА ИНОВАТОРИ “О Д ИДЕЈА ДО ПАТЕНТ”

Во склад со програмата за дејствување на ДПАТУ ПРОНАОЃАЧ МИХАЈЛО ПУПИН успешно е реализиран Пилот – проектот “ОД ИДЕЈА ДО ПАТЕНТ” со кој беше предвидено да се направи обука, која на учесниците ќе им помогне да реализираат некоја своја идеја, но истите да се стекнат и со елементарните знаења од областа на заштита на патент и индустриски дизајн.

Пилот проектот беше прифатен од директорот и наставничкиот кадар на Гимназијата Јосип Броз –Тито во Скопје и е определен e простор и термин за реализација на проектот. По објавувањето за започнување на еден ваков вид на проект, пријавена е група на ученици од III година. Обуката беше изведена во рок од три месеци, со по еден час неделно. При ова е земен во предвид фактот дека обуката се врши на крајот на школската година, па е строго водена сметка истата да не биде оптоварување на пријавените ученици, туку наставата да има работен, но и информативно-релаксирачки карактер.
Ова прв e проект од ваков вид во регионот и пошироко, во кој се опфатени и малолетни лица а кои по завршената обука, имаат готова професионално изработена патентна пријава која ќе биде поднесена до државниот завод за индустриска сопственост. Со ова е се докажува дека носители на патентибилни идеи може да бидат сите луге, без разлика на возраст, пол и степен на образование.
Авторот на проектот е Мирко Узелац, а реализатори на оваа активност беа Мирко Узелац и Владимир Филевски.