ПРЕТСТАВНИЦИ НА НАИМ ВО ПОСЕТА НА ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ

Традиционално на почетокот  на секоја година, НАИМ  ги посетува институциите и компаниите кои го подржуваат. Така и оваа година во фебруари НАИМ го посети Државниот Завод за Индустриска Сопственост на Република Северна Македонија.

      Оваа средба како и секоја година помина, во една пријатна атмосвера полна со разбирање .Претставниците на НАИМ беа срдечно пречекани од домакините како и од заменик  Директор г.дин. Горан Герасимовски.

      Во оваа прилика претставниците на НАИМ како меѓународна организација, претставија и еден свој проект, кој се однесува на олеснување на постапките при заштитата на, патенти,нови технологии, дизајни и др. во околните земји. Од овој проект нашите но и странските пронаоѓачи очекуваат голем бенефит.Проектот е во развојна фаза. Детални информации за проектот ќе бидат јавно презентирани, веднаш по  неговата реализацијата 

       Исто така претставниците на НАИМ, му врачија благодарница и пехар на господинот Герасимовски, за успешната соработка и подршката што НАИМ ја добива од ДЗИС.