Покана до македонските пронаоѓачи, иновативни компании, научно-истражувачки центри и универзитети

Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија со големо задоволство и чест ја проследува оваа Покана од Светската федерација на сојузи на пронаоѓачи IFIA (International Federation of Inventors’ Associations)

IFIA ги повикува иноваторите да учествуваат на натпреварот Inventions vs Corona

Денес човештвото се соочува со светска криза поради ширењето на Коронавирусот и ова е историска прилика, каде што секој од нас мора да се обиде да даде придонес потпирајќи се на сопствените способности од својата област и да пронајде решение за овој проблем. Во овој исклучителен период, бројни пронаоѓачи изнаоѓаат нови технологии и пронајдоци врзани за КОВИД 19, и тоа може многу јасно да се види во повеќе држави.

За да им оддаде признание на овие поединечни пронаоѓачи (физички лица), но и иновативните компании, универзитети и научно-истражувачки центри, кои пронајдоа конкретни решенија за борбата против ширењето на Ковид 19, IFIA организира натпревар против овој вирус, наречен „Inventions VS Corona“.

Учеството на овој натпревар е бесплатно, а за победниците се обезбедени бројни награди. Освен тоа, проектите ќе ја добијат потребната подршка за пласман на глобалниот пазар, со подршка од светската мрежа на IFIA.

Понатаму, бидејќи IFIA е единствената меѓународна организација која официјално има добиено грант од Обединетите Нации во врска со подршката на иновациите, пронаоѓачите и иноваторите, пронаоѓачите ќе имаат директна корист од подршката и средствата во рамките на овој натпревар против Коронавирусот.
IFIA ги повикува пронаоѓачите, иноваторите и истражувачите од целиот свет да се вклучат во овој он-лајн натпревар.

Натпреварот почнува на 15 мај. Пријавите се примаат до 15 јуни, а објавата на резултатите ќе биде на 1. јули 2020 год.

Пријавата за натпреварот и  информации побарајте  на следниов линк:

http://www.istanbul-inventions.org/en/41346/

д-р Алиреза Растегар,

Претседател на IFIA (International Federation of Inventors’ Associations)

Дополнителни информации  на www.naim.mk ; Email:naim@naim.mk

или на, Email; dpatu_mihajlo_pupin@yahoo.com