Државниот завод за индустриска сопственост го одбележува Светскиот ден на интелектуална сопственост 26-ти април 2023. Воедно на овој настан по традиција по 29-ти пат се додели наградата “Патент на годината за 2022”.
Наградата “Патент на годината за 2022” ја додели Директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Блерим Идризи на подносителот Плазма доо Скопје, за пронајдокот со назив “ФОТОТЕРМАЛЕН КОЛЕКТОР СО ПОДОБРЕНА ЕФИКАСНОСТ НА ТЕРМАЛЕН АБСОРБЕР” од пронајдувачите: Илија Насов и Анка Трајковска Петкоска.

И овој пат креативноста и творечкиот потенцијал на нашите пронајдувачи беа насочени кон изнаоѓање на нови технолошки решенија за да се ублажат последиците од енергетската криза и недостатокот на енергенси.
На овој настан се врачија и наградите на македонските пронајдувачи кои беа доделени на меѓународните изложби како што се “АРКА и АГРОАРКА” во Загреб и “ИНОСТ МЛАДИХ“ во Бања Лука.
Овие активности се организираат од Заводот со цел да се афирмира улогата на индустриска сопственост во поттикнување на создавање на иновации и креативни творби.

За нас како НАИМ овој ден беше одбележан и со врачување на сертификат за советник на Нациналната Асоцијација на Пронаоѓачи на Македонија, Проф. Д-р Илија Насов