Оддржано редовното годишно собрание на НАИМ во канцеларијата на Претседателот на РСМ – Стево Пендаровски

На ден 15. Декември беше оддржано редовното годишно собрание на НАИМ во канцеларијата на Претседателот на РСМ – Стево Пендаровски.

На истото беа презентирани идните планови за 2022 година на НАИМ, како и донесени неколку одлуки. Иситите беа изгласани од членовите на НАИМ.

  • Повлекување од потпретседателската фунција на Владир Филевски од оправдани причини, и едногласно изгласан за потпретседател на НАИМ Владимир Димитров.
  • НАИМ го избра официjaлно одговрен за односи со јавност, Марко Шипка
  • За членови на извршниот одбор, избрани се по фунцкија Мирко Узелац, Владимир Димитров, Борис Десоски, Виктор Настев, Марко Стојковски и Марија Димитрова
  • Задолжен за промоција на НАИМ во основните и средните училишта е Михаил Арсовски
  • Задолжен за промоција на НАИМ во Високото образование е Марко Стојковски
  • Задолжен за промоција на НАИМ во сферата на дипломирани студенти е Др. Драган Јованов

Голема благодарност до Претседателот на Република Северна Македонија и неговиот тим кои ни овозможија безусловно да ова за нас значајно годишно собрание го одржиме со сите нивни расположливи средства. При што ни беше овозможено користење на сите нивни ресурси со кои располага центарот за млади – Mladi Hub, за кои сме им неизмерно благодарно и за транспарентоста и отвореноста со која за извонредно брз временски преиод на нашето барање беше одговорено позитивно.