Претедателоt на NAIM, Мирко Узелац во изјава за политичкиот магазин 360° на Алсат Телевизија произнесе став во одбрана на нашиот член и иноватор Проф. Д-р Драги Рашковски.

„Не значи дека во Владата треба да работат само глупави луѓе, таму има и паметни луѓе. Значи, Драги е наш член пред да влезе во Владата. Не му е ова единствен патент што го работи. Така што се работи за еден врвен иноватор, кој има врвни идеи и врни патенти и сега некој се закача за тоа дали е тоа било набавено по оваа процедура или онаа процедура, нас процедурите не не интересираат, нас не интересира самиот проект“, вели Узелац.

Според Узелац, патентот на Рашковски е современо решение за безбедност во сообраќајот.
„Тоа е нешто што исклучиво спаѓа во областа безбедност и исклучиво одлучува државата за тоа, вклучувајќи го пред се МВР, а дали ќе се користи денес, утре тоа е нешто друго, или Владата може на крај да го продаде, ако е пренесено правото, не знам дали е пренесено, ако го купила веројатно е пренесено правото, може да го продаде на друга држава и тука не постои апсолутно никаков сомнеж за некакво кривично дело или не знам што. На крај, постојат институции за тоа што ги регулираат тие, да кажам, такви, условно речено, проблеми или инсинуации“.
Во продолежние погледнете ја изјавата на нашиот официјален YouTube канал: