НАИМ (Национа асоцијација на пронаоѓачи на Македонија) го посетиja Претседателот на Република Северна Македонија Проф.Д-Р Стево Пендаровски

Nа 28 Октмври 2019 год членови на делегација на НАИМ (Национа асоцијација на пронаоѓачи на Македонија)  го посетиja Претседателот на Република Северна Македонија  Проф.Д-Р Стево Пендаровски

    Делегацијата ја сочинуваа Мирко Узелац претседател на НАИМ, Проф.Др.Радмил Поленаковиќ од Машински Факултет член на  советот на НАИМ,  П.Полковник  Живко Димитриевски  член на извршен одбор, М-Р .Петре Ристески член на извршен одбот и Сашо Јандрески млад пронаоѓач  ученик на втора година Гимназија  Мирче Ацев  од Прилеп  

    Цели на оваа посета беа, предавање на златен мемориален медал на Претседателот Проф.Д-Р Стево Пендаровски (нај високо признание што го доделува ИФИА), како и запознавање на Претседателот со активностите на НАИМ. условите во кои делува, како  и состојбата во пронаоѓаштвото во Р.Северна Македонија

   Членовите на делегацијата (кој се и пронаоѓачи), имаа прилика, и да го запознаат Претседателот со своите нај нови патенти. Претседателот како подржувач на иноваторството посебно на младите иноватори, нај повеќе се интересираше за пронајдокот на младиот Саше Јандревски кој направи и презентација со протоипот од својот пронадок медицински шприц.

    На крајот на приемот , претседателот на НАИМ Мирко Узелац во името на  претседателот на ИФИА ( Светска федерација на иноваторски асоцијации) . Д-Р Алиреза Расегар му го врачи златниот мемориален медал на Претседателот Проф. Д-Р Стево Пендаровски.

    Приемот помина во една изузетно пријатна , релаксирана атмосвера, полна со разбирање при што се и разгледани можности за понатамошна подршка на Претседателот Пендаровски, на оваа племенита и возвишена активност. Како прв гест на соработка Претседателот укажа на можноста да НАИМ може понекогаш да ја користи неговата канцеларија за односи со јавноста во центарот на градот, за одржување на состаноци на НАИМ и други потреби.

    НАИМ изразува благодарност до Претседателот и неговиот кабинет