МЛАДИТЕ НА NAIM ЗАБЛЕСКАА!

Со реализација на настанот по повод “ 5 ГОДИНИ НА NAIM “ кој е оджан на зелениот покрив на домот на Градежните работници во Скопје ,младите на NAIM наполно ја оправдаа довербата која им беше укажана од страна на извршниот одбор на NAIM.

Видео материјал од настанот, изработен од Марко Шипка

Со организацијата и подготовката на настанот ракводеше младиот Марко Шипка студент на втора година на Американскиот Универзитет на Европа – ФОН на факултетот за Дизајн и Мултимедија, кој ги воспостави сите комуникации со надлежните структури, од градот Скопје, Општина Центар и Владата на РСМ, ја подготви целата агенда на настанот и ги обезбеди сите потребни ресурси за овој настан.

Имено според нашиот статут, NAIM помеѓу останатото има обврска и да открива млади таленти што со примерот на младиот Марко Шипка успешно го прави. Во реализацијата на овој настан голем придонес дадоа, нашите млади Марко Стојковски кој е член на NAIM од 2016 год. (тогаш средношколец од Гим.Јосип Броз од Скопје а сега студент трета год на Елекротехничкиот факултет при УКИМ – Скопје.) Активно учество во реализацијата на настанот зема и младата Ирена Димитриевска која на овој настан имаше брилијантна презентација на својот пронајдок дводимензионален подвижен екран кој на меѓународниот саем на иновации во Белград 2021 освои златен медал.
При вложуванјето во младите ,инвестицијата не се враќа истиот момент туку е потребен одреден временски период а ова е извонреден пример.

NAIM како сериозна организација и во иднина ќе вложува и труд и време во едукација на својот подмладок .Но во секој случај за ова ,потребна е и подршка ,од страна на надлежните државни институции.

МИРКО УЗЛЕАЦ И ВЛАДО ФИЛЕВСКИ|ПРЕТСЕДАТЕЛ И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА NAIM