(Првите 7 члена од Статутот на Националната асоцијација на пронаоѓачите на Македонија):
Врз основа на чл. 5 и 18 од Законот за здруженијата на граѓаните и фондациите ( Сл.весник на Р.М. бр.52/2010 и 135/2011 ), сојузот НАЦИОНАЛНА АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРОНАОЃАЧИТЕ НА МАКЕДОНИЈА – Скопје на основачкото собрание одржано на ден 06.08.2016 год. донесе
СТАТУТ
на НАЦИОНАЛНА АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРОНАОЃАЧИТЕ НА МАКЕДОНИЈА – Скопје
- ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Сојузот НАЦИОНАЛНА АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРОНАОЃАЧИТЕ НА МАКЕДОНИЈА – Скопје (во понатамошниот текст: НАПМ) е стручен, доброволен, самостоен, непрофитен, невладин и вонпартиски сојуз на здруженија на граѓани кои имаат афинитет кон пронаоѓаштвото, иновациите и техничките унапредувања. НАПМ се грижи за развојот на пронаоѓаштвото во Р. Македонија и ги поттикнува и подржува активностите на пронаоѓачите и иноваторите во Р. Македонија.
Сојузот НАПМ своите цели и задачи ги остварува согласно Уставот на Р. Македонија, Законот за здруженија и фондации, овој Статут, како и останатите законски прописи и подзаконски акти кои се однесуваат на остварување на програмските цели и задачи на НАПМ.
Член 2
Со овој статут сојузот НАПМ ги регулира особено следниве прашања:
– името и седиштето,
– целите на НАПМ,
– дејности со кои се остваруваат целите,
– начин на одлучување за зачленување, исклучување, и престанок на членувањето во
НАПМ,
– правата обврските и одговорностите на членовите,
– видот на органите и нивниот состав, начин на избор и разрешување, траење на мандатот
на членовите во органите и начинот на одлучување,
– застапувањето по закон,
– начинот на стекнување и располагање со средствата,
– начинот на донесување на финансиски и други извештаи,
– начинот на остварување на јавност и отчетност во работата
– начинот на донесување, изменување и дополнување на статутот,
– начинот на одлучување на статусни промени и престанок на НАПМ,
– начинот на донесување на планови и програми,
– постапување со средствата и/или имотот во сличај на престанок на НАПМ,
– други прашања утврдени со закон.
Член 3
Основачи на НАПМ се:
- Здружение ДРУШТВО НА ПРОНАОЃАЧИТЕ И АВТОРИТЕ НА ТЕХНИЧКИ УНАПРЕДУВАЊА ПРОНАОЃАЧ МИХАЈЛО ПУПИН – Скопје, ембс 7020856.
на ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр.26-1/33, Скопје – Центар
- Здружение на пронаоѓачи НОВИТЕТ – Скопје, ембс 7139381
на ул. Теодосиј Гологанов бр. 130, Скопје – Центар.
НАПМ има својство на правно лице, со права и одговорности што произлегуваат од Уставот и Законот за здруженијата и фондациите. НАПМ има своја жиро-сметка и даночен број.
Член 4
НАПМ е непрофитна организација.
Ако НАПМ во своето работење оствари добивка, таа ќе биде употребена исклучиво за подржување и остварување на целите и активностите утврдени со овој Статут.
Заради остварување на материјални за остварување на своите програмски задачи, НАПМ може да основа друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва, под услови и на начина предвидени со Закон.
Член 5
Називот на сојузот е: НАЦИОНАЛНА АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРОНАОЃАЧИТЕ НА МАКЕДОНИЈА – Скопје
Скратено назив на сојузот е: НАЦИОНАЛНА АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРОНАОЃАЧИТЕ НА МАКЕДОНИЈА – Скопје
Седиште на НАПМ е во Скопје на ул. Теодосиј Гологанов бр. 130 – Скопје, општина Центар.
НАПМ има свој печат и штембил.
Печатот на НАПМ е во тркалезна форма и го содржи следниот текст: НАЦИОНАЛНА АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРОНАОЃАЧИТЕ НА МАКЕДОНИЈА – Скопје
Штембилот е во правоаголан форма и го содржи следниот текст: НАЦИОНАЛНА АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРОНАОЃАЧИТЕ НА МАКЕДОНИЈА – Скопје бр. на деловен прокотол, датум , Скопје
НАПМ ја застапува и претставува на домашен и меѓународен план Претседателот, Потпретседателот и Генералниот секретар.
НАПМ може да се здружува во меѓународни рамки со други организации.
- ЦЕЛИ НА НАП
Член 6
За остварување на своите цели, задачи и иницијативи, НАПМ донесува годишна програма за работа.
Во НАПМ ќе се остваруваат цели и задачи од поширок заеднички интерес на
Пронаоѓачите и иноваторите, а особено:
– Создавање на содржински, методолошки и организаторски претпоставки за унапредување на пронаоѓаштвото и другите форми на индустриска сопственост;
– Популаризирање на пронаоѓачката и иновативната дејност преку советувања, предавања, трибини, изложби на пронајдоци и иновации и други форми;
– Работа со млади кадри на проблематиката од пронаоѓаштвото и иновациите и подигање на стучното ниво на членовите на НАПМ во областите од пронаоѓаштвото и иноваторството;
– Откривање, негување и стимулирање на талентирани ученици и студенти на полето на пронаоѓаштвото и иноваторството;
– Помагање во нормативното уредување на проблематиката сврзана со развојот и унапредувањето на пронаоѓаштвото и иноваторската дејност и правилната распределба на доходот од оваа дејност во трговските друштва;
– Соработка со државните органи и институции по прашањата од иноваторството и пронаоѓаштвото;
– Перманентно и редовно информирање на членовите на друштвото за сите промени и новини
во правната сфера, а кои се однесуваат на пронаоѓаштвото и иноваторството на ниво на Републиката и меѓународните институции и асоцијации и доставување на информации од изложби и други форми низ кои се популаризира и унапредува иноваторството;
– Создавање на база за промовирање и реализирање на иновации;
– Ангажирање во реализацијата на општински, републички и меѓународни манифестации и соработка со специјализирани домашни и меѓународни асоцијации од областа на иноваторството и пронаоѓаштвото;
– Соработка со средните училишта, факултетите и асоцијациите од областа на техниката, во создавањето услови за создавање и реализација на пронајдоци и иновации:
– Поднесување на предлози до надлежните државни органи за донесување, изменување и дополнување на законските и подзаконските прописи со кои се уредува пронаоѓаштвото и иновацијската дејност;
– Презентација на својата работа преку електронските медиуми и медиумите за јавно информирање;
– Учество во научноистражувачки проекти во Република Македонија и странство од областа на пронаоѓаштвото и другите видови на техничкото творештво;
– Учество во создавањето и практичната примена на пронајдоците и другите видови на техничкото творештво;
– Здружување со други сојузи од оваа и слична проблематика од Република Македонија и странство.
Целите и задачите од претходниот став, НАПМ ке ги остварува преку:
– Донесување на општи акти и специјализирани програми за потикнување и реализирање на пронаоѓаштвото и иноваторството;
– Стручно оспособување и едуцирање на стручни кадри што ќе работат на полето на пронаоѓаштвото и иноваторството;
– Организирање и реализирање на семинари, предавања, советувања, трибини, изложби и други форми;
– Соработка и комуникација со Народна техника на Македонија, Друштвата за наука, факултетите, Стопанските комори во Македонија и странство, органите и телата на државата задолжена за оваа проблематика;
– Соработка со органите на државата задолжени за оваа проблематика и други институции во државата и странство.
III. ДЕЈНОСТ
Дејноста на НАПМ согласно на Класификцијата на дејности е: 94.99 Дејност на други организации врз база база на членување, неспомнати на друго место.
НАПМ своите цели и дејности ќе ги остварува преку соработката со:
– Соодветни невладини организации и здруженија во Републиката и светот,
– Соодветни државни организации и институции,
– Сојузи на здруженија во Републиката и светот,
– Стручни и научни организации,
– Институции надлежни за одредени прашања кои се однесуваат на целите и задачите,
– Здружување во сојузи во Републиката и светот.
IV.ЧЛЕНУВАЊЕ ВО НАП
Член 7
– Членувањето во НАПМ е слободно.
– Секое здружение на лица кои имааат реализирано пронајдок или некоја форма на иновација или имаат афинитет кон пронаоѓаштвото и иновациската дејност, може да поднесе барање за членство во асоцијацијата.
– По барањето за членство одлучува Извршниот одбор на НАПМ.