
Денес (26.03.2021) заврши 24-от Меѓународен саем на иновации и нови технологии “АРХИМЕДЕС“ одржан во Москва во организација на АРХИМЕД КЛУБ. Право на учество добија 600 патенти од 19 држави од сите континенти и 34 региони.Саемот е одржан “во живо“ во нај големиот културен центар во Москва “КОСМОС“.
РУСИЈА, МОСКВА
Во оваа конкуренција нашите претставноци освоија елитни награди и тоа :
Д-р.Драган Јованов за неговиот патент “Агрофито тоник“, Златен медал (од стручното жири), Пехар за нај успешен млад научник од областа, Златен медал (специјална награда од партнерот на саемот
Борис Дескоски за неговиот патент “Електронски стап за слепи лица“ Златен медал (од стручното жири) и Златен медал од сојузот на пронаоѓачи од Руска Федерација (Севастопол)
Нашите претставници добија и повеке специјални награди (дипломи) од престижни Руски универзитети . Нивните патенти предизвикаа голем интерес кај посетителите но ,и во стручните фели.