На 17- от меѓународен саем на иновации АРКА 2019 одржан во Националната и Универзитетската библиотека во Загреб – Р. Хрватска од 17-19 октомври ,пронаоѓачите на НАИМ се претставија со пет свои пронајдоци.
На овој саем на македонскиот штанд , одржан е состанок со нашиот голем пријател претседателот на ИФИА Д-Р Алиреза Растегар, кој траеше повеќе од еден час. Претседателот Алиреза е импресиониран од резултатите кои НАИМ ги постигна за изузетно кус период. На состанокот присаствуваа и генералниот директор на ИФИА Хусеин Хујиќ ,Винфред Штурм менаџер на мережата за млади во ИФИА. Состанокот е одржан во една изузетно пријатна и пријателска атмосвера. Во оваа прилика Д-Р Алиреза изрази и жалење поради спреченоста да присаствува на
МАКИНОВА 2019 а поради обврските во Обединети Нации, кои званично ја признаа ИФИА како светска организација. Д-Р Алиреза му врачи на Предсеателот на НАИМ Мирко Узелац златен момориален медал по повод на неговиот 40 годишен јубилеј.
Нашите пронаоѓачи се наградени со голем број на признанија
1. Живка Димитриевска
Далечински управувана ракетна фрлачка со калибар 64 мм “ Зоља “
Златен медал за најдобар патент од ИФИА
Златен медал од стручното жири
Специјална награда Медал од Германската асоцијација на пронаоѓачи
2. Влатко Поповски
Фитнес столици
Сребрен медал од стручното жири
3. Весна Филевска
Капсула за ароматици со минијатурни димензии за вградување во облека и накит
Златен медал од стручното жири
Специјална награда Медал од Германската асоцијација на пронаоѓачи
4. Вера Стефановска
Дводелно носило за транспорт на пациенти при “ брахотерапија“
Златен медал од стручното жири
5. Ангелкова Марија
Паметна Канта
Златен медал од стручното жири
Специјална награда Медал од Германската асоцијација на пронаоѓачи