На еден од нај големите европски и светски саеми на иновации и иновативни технологи АРХИМЕД 2019 одржан во Москва од 26 -29 март македонските пронаоѓачи се вратија со освоени нај престижни награди , грст златни медали и други признанија, од кои нај големата награда е пехар во ранг на ГРАНД-ПРИ од областа на заштита на животната средина. освоена од пронаоѓачот Златко Панков од Скопје , а доделена од стучното жири, за патентот “ Шаторска камп куќичка со природна климатизација“ . Исто така Панков освои голем пехар за заштитена трговска марка, Златен медал со ликот на Архимед , како и специјална награда Златен медал доделен од асоцијацијата на пронаоѓачи од Ирак.
Со специјална награди Златни медали се наградени и пронаоѓачите:
Владо Димитров за патентот “ Модем за каскадно (серијски) споени извори на струја“
Борис Секирарски за патентот “ Електронски водена интернет прогноза“
Марјан Ненов за патентот “ Енергетски Комбинирана Сончева центарала“
На семот настапија 34 држави од цел свет и исто толку региони од Руската федерација со 1240 патенти и иновативни технологии како и голем број на Научно технички институти и универзитети.
Македонскиот штанд доби ударно место помеѓу главниот влез и церемонијалната бина .На главната церемонија пропратена со Руски воен оркестар, говореа врвни Руски научници ,академици и факултетски професори. Саемот го отвори директорот Дмитриј Зезулин
Македонскиот штанд предизвика голем интерес кај стручните лица, посетителите но и кај излагачите од многу држави чиви делегации беа составени од повеќе претставници. Нашите пронаоѓачи беа претставени од претседателот на НАИМ Мирко Узелац . а логистички подржани од Владимир Филевски потпретседател и генерален секретар на НАИМ
Исто така на овој саем нашите пронаоѓачи се поканети на Светскиот форум на пронаоѓаштво кој ќе се одржи во Лимасол –Кипар на 15 и 16 мај 2019 година, во чиви рамки ке се одржи и мегународен саем на иновации и иновативни технологии ,на кој веќе се поканети голем број на бизнисмени од многу држави. На ваков вид на настани директно се склучуваат деловни договори ,за купопродажба на готови производи , патенти како и финансирање на развој на патентирани уреди и апарати . Со ова на Македонските пронаоѓачи во својство на правни и физички лица им се отвораат нови големи можности за целосна реализација на своите патенти, што е и една од главните цели на НАИМ (Националната Асоцијација на Пронаоѓачите на Македонија).
НАИМ
Претседател
Мирко Узелац