На 6 јуни 2021 година, по барање на м-р Даниела Ризова и д-р Ана Селамовска, двата (од петте) основачи на Здружението на пронаоѓачи ДПАТУ Михајло Пупин, одржано е Вонредно собрание.
На почетокот од Собранието беше одржано свечено доделување на наградите кои нашите пронаоѓачи ги добија на меѓународните саеми на иновации АРКА – Загреб (Хрватска) и „Проналазаштво – Београд“ (Србија). Претседателот Мирко Узелац им ги врачи добиените медали на: Д-р Драган Јованов, Михаил Арсовски, Борис Десоски, Живка Николова – Димитриевска, Ирена Димитриевска, Владимир Филевски и Драги Ангелов. На отсутните Тони Велевски, Драги Рашковски и Саше Јандрески медалите ќе им бидат испратени по пошта.
Во продолжението на Собранието беше презентиран Извештајот за работата во 2020 година на Националната асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (NAIM) и Деталниот финансов извештај за 2020 година на NAIM. Никој од членовите немаше забелешки, па двата Извештаја беа едногласно прифатени. Потоа се пристапи кон дискусијата за следната точка – работата на NAIM општо, со предлози за подобрување на работата. Збор прво им беше даден на м-р Даниела Ризова и д-р Ана Селамовска. После долгото излагање од Даниела Ризова, а потоа и од д-р Ана Селамовска, членовите на ДПАТУ Михајло Пупин не ги поддржаа нивните дискусии, по што м-р Даниела Ризова и д-р Ана Селамовска го напуштија Собранието. Имајќи ги предвид и содржините на претходните мејлови од м-р Даниела Ризова и д-р Ана Селамовска испратени од нивна страна (надвор од процедурата) до сите членови, Собранието донесе одлука за трајно исклучување на м-р Даниела Ризова и д-р Ана Селамовска од членството на Здружението на пронаоѓачи ДПАТУ Михајло Пупин. Одлуката за трајно исклучување беше донесена со огромно мнозинство од 11 гласа за, 1 против и 2 воздржани.