NEWS

INTERNATIONAL FAIR OF PATENTS, INVENTIONS, INNOVATIONS AND NEW TECHOLOGIES

INOVAMAK 2017

November 21st – 23rd, 2017

Dom na ARM, Skopje

Organizer: National Association of Inventors of Macedonia - NAIM

We invite all Associations of Inventors from all countries around the globe to take part in INOVAMAK 2017. For each association of inventors from abroad we offer an exhibition space of 6 m2 and a hotel accommodation (four nights: 20th – 23rd) for 1 (one) representative of each association, both free of charge. For companies and independent innovators we offer exhibition space price of 50 EUR/m2 (minimum 2 m2).
Fair INOVAMAK 2017 will be held in the Dom na ARM (next to the Memorial House of Mother Teresa), conveniently located in the city centre.
Awards include Gold, Silver and Bronze medals with the figure of famous inventor Mihajlo Pupin.

Deadline for applications: November 10th, 2017.
Application form: (click here)

Please send the filled-in application form to: naim@naim.mk

  • - Working hour of Fair: 10:00 – 19:00
  • - Opening ceremony November 21st at 12:00
  • - Awarding ceremony: November 23rd at 13:00
  • - Exhibits must be removed until 12:00 on November 24th

САЕМ НА ИНОВАЦИИ ” ПРОНАЛАЗАШТВО БЕОГРАД 2016 “ОДРЖАН ВО ДОМОТ НА ВОЗДУХОПЛОВСТВОТО ВО ЗЕМУН-БЕОГРАД

ДПАТУ ПРОНАОЃАЧ МИХАЈЛО ПУПИН –Скопје како членка на НАЦИОНАЛНА АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРОНАОЃАЧИТЕ НА МАКЕДОНИЈА на овој саем настапи со пронајдоците, на 11 свои членови со вкупно 7 пронајдоци.

1.Пронаоѓач: М-р Виктор Настев Дипл ел.инг
Назив на пронајдокот ИНТЕЛИГЕНТЕН ЛЕЖЕЧКИ ПОЛИЦАЕЦ
Награден со ЗЛАТЕН МЕДАЛ од стручното жири.

2. Пронаоѓачи: Горјан Малевски Марко Младеновски и Коста Начески
Назив на пронајдокот :ЕЛЕКТРИЧЕН АПАРАТ ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ОБУВКИ СО ИСПАРУВАЧ НА ЛЕСНО ИСПАРЛИВИ ТЕЧНОСТИ СО ДЕЗИНФЕКЦИОНИ СВОЈСТВА
Награден со СРЕБРЕН МЕДАЛ од Стручното жири

3.Пронаоѓачи: Леонина Корнети Пекевска, Дејан Гјоргиевски, Дејан Божиновски и Д-Р Лилјана Симјановска.
Назив на пронајдокот.ПРИМЕНА НА АЛТЕРНАТИВНИ МЕТОДИ ПРИ ИН ВИТРО ОПЛОДУВАЊЕ Награден со СРЕБРЕН МЕДАЛ од Стручното жири

4.Пронаоѓач: М-р ЈОТИ ПОПОВСКИ Дипл.технолог , настапи со два пронајдока
Назив на пронајдокот ПРИПОДНА СУШАРА
Назив на пронајдокот БИОЛОШКИ ФИЛТЕР НА НИТРАТИ ВО ПИЈАЌА ВОДА
Награден со СРЕБРЕН МЕДАЛ од Стручното жири

5.Пронаоѓач: ДАНИЕЛА РИЗОВА
Назив на пронајдокот АПАРАТ ЗА УЦВРСТУВАЊЕ И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЖЕНСКИ ГРАДИ освои Награден со БРОНЗЕН МЕДАЛ од Стручното жири

6.Пронаоѓач: Петре Младеновски Дипл.маш.инг. Назив на пронајдокот ПОВЕЌЕСТЕПЕН УРЕД ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ВОЗИЛА СО МЕХАНИЧКА ЕНЕРГИЈА
Награден со ДИПЛОМА со ликот на Никола Тесла од Стручното жири

СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА
НА НАЦИОНАЛНАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРОНАОЃАЧИТЕ НА МАКЕДОНИЈА доделена и е ДИПЛОМА ЗА ЗНАЧИТЕЛЕН ПРИДОНЕС ВО РАЗВОЈОТ НА ИНОВАТОРСТВОТО
од страна на INERNATIONAL INNOVATION CLUB ARCHIMEDES – (RUSKA FEDERACIJA)

НАЦИОНАЛНАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРОНАОЃАЧИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
на овој саем за прв пат додели свои воспоставени признаниа и тоа Златни медали за пронајдоците :

1. PUR-BASED RENOVATION PLASTER WITH HEAT-INSULATION EFFECTS ( R.Ceska ) ( ПУР ПЕНА КАКО ОСНОВ НА МАЛТЕР ПОРАДИ ТЕРМОИЗОЛAЦИСКИОТ ЕФЕКТ ) Authors: Vlaclavik V. , Placek V. Daxner J. TechnicalUniversity Of Ostrava

2. A COMPACTED MATERIAL WITH THE CONTENT OF AN IRON AND OTHER NONFERROUS METALS IN A SECONDAR AUTORS: Vlcek J. ,Tomkova V. ,Topinkova M.,Klarolva M.,Mlcoch P.Hermann R. VSB-Technical University of Ostrava ; Trinecke Zelezarny - Moravia Steel ( R.Ceska )

3. SISTEM ’’ MAKUŠ 2 ’’ VOLGATECH TEHNOLOŠKI UNIVERZITET

ЗЛАТЕН МЕДАЛ-ПЛАКЕТА ЗА ИЗУЗЕТЕН ПРИДОНЕС ВО НОВИНАРСТВОТО

4. СОЈУЗ НА ПРОНАОЃАЧИ НА БЕОГРАД ЗА 60 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ

5. ARHIMED KLUB MOSKVA - Руска федерација

6. G-din Kovač Predrag (Р.Чешка) Главен координатор со земјите од балкан

7. G-din Jan Kobeilusz (Р.Чешка)

8. G-din Husein Hujić (БИХ ) IFIA

9. G-din Borko Babalj (БИХ )

10. G-din Ljubiša Pašić (БИХ ) Република Српска

Голема благодарност до компанијата Asseco South Eastern Europe -Скопје Која ни го овозможи учеството на овој саем

УЧЕСТВО И ОСВОЕНИ НАГРАДИ НА: М Е Ѓ У Н А Р О Д Е Н С А Е М НА И Н О В А Ц И И ВО

Т Р И Н Е Ц Р Е П У Б Л И К А Ч Е Ш К А

WERK ARENA TRINEC на 16 и 17 ЈУНИ 2016 “ INVENT ARENA ”

ДПАТУ ПРОНАОЃАЧ МИХАЈЛО ПУПИН –Скопје се претстави со три патентирани трудови и тоа сo:

1.МОДУЛАРЕН ГРОМОБРАНСКИ ФАЌАЧ громобран СО УРЕД ЗА РАНО СТАРТУВАЊЕ
Пронаоѓач:
М-Р Петре Ристески дипл .ел.инг Награден со ЗЛАТЕН МЕДАЛ од стручното жири

2.ЕЛЕКТРИЧЕН АПАРАТ ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ОБУВКИ СО ИСПАРУВАЧ НА ЛЕСНО ИСПАРЛИВИ ТЕЧНОСТИ СО ДЕЗИНФЕКЦИОНИ СВОЈСТВА
Пронаоѓачи:
Марко Младеновски Коста Начески Горјан Малевски Награден со СРЕБРЕН МЕДАЛ од Стручното жири, ЗЛАТЕН МЕДАЛ од државниот завод за заштита на интелектуална сопстевеност на Р.Молдавија

3.МОБИЛЕН ВОЛУМЕНСКИ МИНИМИЗАТОР СО ДВОНАМЕНСКИ ФАЌАЧИ
Пронаоѓач:
Мирко Узелац Награден со СРЕБРЕН МЕДАЛ со ликот на Никола Тесла од Сојузот на пронаоѓачи на Београд.

На ДПАТУ ПРОНАОЃАЧ МИХАЈЛО ПУПИН –Скопје му е доделена ДИПЛОМА за учество на саемот потпишана од страна на Претседателот на ИФИА Г.дин .Алиреза Растегар ,претседател на Организациониот комитет г.дин Јан Кобјелуш и претседателот на Државниот завод за заштита на интелектуална сопственост на Р.Чешка г.дин Јозеф Краточвил

ГОЛЕМА  БЛАГОДАРНОСТ ДО  ДЗИС на Р.Македонија, НЕОТЕЛ Скопје,Организаторот  на ИНВЕNТ АРЕНА  кои го помогнаа учеството на овој саем.

ОДРЖАНО ПРВО ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ДПАТУ „ПРОНАОЃАЧ МИХАЈЛО ПУПИН“

На ден 26. 12. 2015 година во просториите на Градежен Факултет во Скопје одржано е прво годишно собрание на ДПАТУ „ПРОНАОЃАЧ МИХАЈЛО ПУПИН“.

Дневниот ред се состоеше од:

1. Свечено отворање на првото годишно собрание

2. Извештај за досегашното работење

3. Финансов извештај за 2015 годинa

4. Усвојување на финансовиот извештај

5. Предлози за делегати на собранието

6. Прием на нови членови

7. Разно

Поздравниот говор го одржа Претседателот на Друштвото Мирко Узелац, истакнувајќи ја важноста од формирањето на друштвото, како за членовите така и за општеството.

Потребата за здружување на пронаоѓачите и формирање на друштво последните неколку години беше се поизразена, така што на 22.02.2015 година и официјално е формирано Друштвото на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања „ПРОНАОЃАЧ МИХАЈЛО ПУПИН“ и регистрирано во Централниот Регистер на Р. Македонија.

Веднаш по формирањето и изборот на Извршниот одбор на Друштвото, истиот превзеде низа активности, а со цел на зајакнување и експонирање на друштвото во пошироката јавност, како и воспоставување на соработка со стопанските субјекти, факултети, училишта и државни институции.

Посебна чест за друштвото беше обраќањето на претседателот на Советот на нашето друштво Проф. Д-р. Трпе Груевски дипл. киб. инж, основач на СПАТУМ и негов прв претседател, автор на над седумдесет научни трудови, човек со огромни заслуги за пронаоѓаштвото во Р. Македонија.

Проф. Груевски, како и секогаш полн со позитивно креативна енергија, го поздрави собирот и ја истакна важноста од соработката со државните институции, посебно со градот Скопје како и со стопанските субјекти во Р. Македонија. Професорот го поздрави доделувањето на средствата од првиот повик на Фондот за инвации и технолошки развој на Р. Македонија. Сметаме дека голем успех за нашето Друштво претставува фактот што средства од Фондот добија нашите членови М-р. Sci Петре Ристески, дипл. ел. инж. (еден од основачите на друштвото) и М-р. Sci Виктор Настев, дипл. ел. инж. кој присуствуваше со својот тим на соработници, инаку членови на нашето друштво - Дипл. маш. инж. Тони Трајковски кој е и советник на Друштвото од областа на машинството, како и младиот апсолвент на Машинскиот факултет Александар Симионов.

Професорот Груевски го поздрави вклучувањето на голем број на млади пронаоѓачи во Друштвото, на што Друштвото е особено гордо.

Работењето со младите пронаоѓачи е и еден од приоритетите на друштвото, кое веќе дава извонредни резултати, како што на пример е проектот ОД ИДЕЈА ДО ПАТЕНТ со чија реализација младите членови Горјан Малевски ,Марко Младеновски и Коста Начески станаа полноправни членови на Друштвото, со пријавен патент во Државниот Завод за Индустриска Сопственост на Р. М.

Учество во дискусијата зема и Проф. Д-р Ана Селамовска (една од основачите на Друштвото), која изрази големо задоволство од присуството на Проф. Д-р. Трпе Груевски и ги замоли присатните да се претстават поединечно, а со цел на наше меѓусебно подобро запознавање.

Потполковникот Живко Димитриевски, дипл. маш. инж. (член на Советот на Друштвото) ги извести присутните за извонредната соработка на нашето друштво со Министерството за Одбрана како и за плановите за понатамошното унапредување на оваа соработка.

По ова Претседателот на Друштвото ја истакната добрата соработка со Државниот Завод за Индустриска Сопственост на РМ и неговата несебична подршка и помош, потоа ЕУРОСТАНДАРД банката, Министерство за Економија на РМ, Стопанските комори на РМ и други субјекти.

Собранието го усвои поднесениот финансов извештај, изгласани се предложените членови за Собранието, усвоен е и извештајот за завршените и планираните активности на Друштвото и примени се нови 7 членови во Друштвото.

М-р. Sci Д-р. Даниела Ризова (една од основачите на Друштвото) ги поздрави присутните и заедно со Заменик претседателот на Друштвото Владимир Филевски дипл. ел. инж. (заменик-уредник на списанието за популаризација на науката и техниката ЕМИТЕР) ги поканија членовите на мала предновогодишна забава која беше организирана по повод на ова Собрание, со мала закуска по што членовите го продолжија дружењето со музика и во опуштена другарска атмосфера, која беше добра прилика за меѓусобно запознавање на членовите и за размена на искуствата.

ПРОМОЦИЈА НА ИНОВАТИВНИОТ ПИЛОТ–ПРОЕКТ „ОД ИДЕЈА ДО ПАТЕНТ

На 8 октомври 2015 во Домот на АРМ во Скопје е одржана свечена промоција на успешно завршениот пилот-проект под наслов „ОД ИДЕЈА ДО ПАТЕНТ“ во кој учествуваше група на ученици на Гимназијата „Јосип Броз - Тито“ од Скопје. Пилот-проектот е реализиран во неколку фази во временски период од шест месеци и резултираше во пронајдок кој го осмислија тројца ученици: Горјан Малевски, Марко Младеновски и Коста Начевски. Пронајдокот е пријавен како патент во Државниот завод за индустриска сопственост на Р. Македонија.
Промоцијата на пилот-проектот е одржана во пријатниот амбиент во домот на АРМ, во сала со озвучување и потребната опрема за видеопрезентации. Спонзори на промоцијата беа Државниот завод за заштита на индустриска сопственост на Р. Македонија и Министерство за Одбрана на Р. Македонија.
Поздравувајќи ги присутните, членот на Извршниот одбор на Друштвото Пронаоѓач Михајло Пупин, д-р Даниела Ризова го најави првиот говорник, г-дин Златку Блерим, раководител на сектор во Министерството за економија на Р. Македонија. Тој го поздрави проектот и ја нагласи заемната успешна соработка со Друштвото, како и подготвеноста на Министерството за економија да ги помогне и поддржи пронаоѓачите во рамките на законските можности.

На присутните потоа им се обрати претседателот на Друштвото на пронаоѓачи Пронаоѓач Михајло Пупин, г-дин Мирко Узелац, кој во име на Друштвото им се заблагодари на гостите и ги запозна со целите на проектот и начинот на кој е реализиран. Тој истакна дека пилот-проектот „ОД ИДЕЈА ДО ПАТЕНТ“ по својата оригиналност ги надминува регионалните рамки и навлегува длабоко во сферата на светските едукативно-иновативни работилници од областа на пронаоѓаштвото.

Пред да ги претстави главните јунаци на овој пилот – проект, г-дин. Мирко Узелац се осврна и на потешкотиите на кои наидуваат пронаоѓачите на патот кон реализацијата на своите патенти, посебно на пронаоѓачите во својство на физички лица. Исто така, тој ја истакна соработката со Државниот завод за заштита на индустриската сопственост, Министерство за одбрана, Министерството за економија, Министерството за наука и образование и Фондот за иновации кој го спроведува и следи Владата на Р. М. преку кабинетот на Вицепремиерот г-дин Пешевски. Резултат на пилот-проектот е поднесена патентна пријава до Државниот завод за индустриска сопственост на Р. Македонија под назив „ЕЛЕКТРИЧЕН АПАРАТ ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ОБУВКИ СО ИСПАРУВАЧ НА ЛЕСНО ИСПАРЛИВИ ТЕЧНОСТИ СО ДЕЗИНФЕКЦИОНИ СВОЈСТВА“

Патентот го претставија пронаоѓачите Горјан Малевски, Марко Младеновски и Коста Начевски. По извршената презентација пронаоѓачите одговараа на прашањата поставувани од страна на присутните, како и од страна на новинарите од електронските медиуми. Младите пронаоѓачи со својот настап и вредноста на нивниот пронајдок предизвикаа големи симпатии кај медиумите.

Потоа за збор се јави г-ѓа Виолета Атанасовска од Министерството за образование и наука (Сектор за Наука и технолошки развој) во својство на овластено лице од страна на ЕУ за помош на апликантите од Р. Македонија, врзана за можностите на проектот „ХОРИЗОНТ 2020“ кој го спроведува Европската Унија. Поздравувајќи го едукативниот пилот-проект на нашето Друштво и на младите пронаоѓачи, таа ги запозна присутните со можностите на овој Проект на ЕУ и неговото значење за пронаоѓачите од Р. М., а потоа одговараше на прашањата од присутните, врзани за овој ЕУ проект.

По прес конференција, свеченоста е продолжена во салата за коктели во мошне пријатен амбиент, каде што со прикладна храна и пијалаци беше овозможено меѓусебно запознавање на гостите, нивно дружење и разговори врзани за успешно реализираниот пилот проект „ОД ИДЕЈА ДО ПАТЕНТ“ како и разговори воопшто за пронаоѓаштвото кај нас и во светот.

ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ

На 26.06.2015 година Друштвото ДПАТУ ПРОНАОЃАЧ МИХАЈЛО ПУПИН - Скопје потпиша договор за деловна соработка со Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење Кочо Рацин – Скопје според кој друштвото ке реализира свој проект “ОД ИДЕЈА ДО ПАТЕНТ“ со изведување на часови од областа на пронаоѓаштвото . Предавачи ќе бидат членови на друштвото, во кое членуват еминентни пронаоѓачи од различни области, помеѓу кои и универзитетски професори, магистри, инженери, искусни иноватори и други.

Курсевите ќе започнат на 15.09.2015, еден курс ќе има 12 часови а ќе се одвиваат во циклуси според интересот. Уписот ќе се врши во просториите на Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење Кочо Рацин –Скопје.

Курсот ќе може да го посетуваат правни и физички лица, без разлика на занимање, пол , или возраст.

Информаци во:

Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење Кочо Рацин –Скопје

Тел. 02 31 63 413; 02 31 63 318

Друштвото ДПАТУ ПРОНАОЃАЧ МИХАЈЛО ПУПИН –Скопје
Контакт тел. 070 74 03 98

E-mail: dpatu_mihajlo_pupin@yahoo.com

РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ

ОБУКА ЗА ИНОВАТОРИ “О Д ИДЕЈА ДО ПАТЕНТ”

Во склад со програмата за дејствување на ДПАТУ ПРОНАОЃАЧ МИХАЈЛО ПУПИН успешно е реализиран Пилот - проектот “ОД ИДЕЈА ДО ПАТЕНТ” со кој беше предвидено да се направи обука, која на учесниците ќе им помогне да реализираат некоја своја идеја, но истите да се стекнат и со елементарните знаења од областа на заштита на патент и индустриски дизајн.

Пилот проектот беше прифатен од директорот и наставничкиот кадар на Гимназијата Јосип Броз –Тито во Скопје и е определен e простор и термин за реализација на проектот. По објавувањето за започнување на еден ваков вид на проект, пријавена е група на ученици од III година. Обуката беше изведена во рок од три месеци, со по еден час неделно. При ова е земен во предвид фактот дека обуката се врши на крајот на школската година, па е строго водена сметка истата да не биде оптоварување на пријавените ученици, туку наставата да има работен, но и информативно-релаксирачки карактер.
Ова прв e проект од ваков вид во регионот и пошироко, во кој се опфатени и малолетни лица а кои по завршената обука, имаат готова професионално изработена патентна пријава која ќе биде поднесена до државниот завод за индустриска сопственост. Со ова е се докажува дека носители на патентибилни идеи може да бидат сите луге, без разлика на возраст, пол и степен на образование.
Авторот на проектот е Мирко Узелац, а реализатори на оваа активност беа Мирко Узелац и Владимир Филевски.

Презентации на 30 05.2015 год. во Хотел БУШИ Стара Чаршија - Скопје

Пред група од десет „бизнис ангели“ од Турската асоцијација (ТБАА) на иницијатива на “Meeting the investors and entrepreneurs 2015”, со помош на г-дин Илија Вучков направени се презентации од повеќе стопански субјекти од Р. Македонија, а во кои активно учество земаа членовите на ДПАТУ ПРОНАОЃАЧ МИХАЈЛО ПУПИН –Скопје, при што членовите на нашето друштво, Проф. Д-р Владимир Јаќовски, Мирко Узелац и Петре Ристески направија презентации на своите патенти. Од страна на друштвото беа присутни и члановите на извршниот одбор Проф. Др Ана Селамовска и Др. М-р Sci. Даниела Ризова. Ваквите манифестации ќе продолжат и во наредните месеци до 24.12.2015 год. Се очекува членовите на друштвото да земат уште поактивно учество, а посебно пронаоѓачите од понежниот пол, кое претствува 30% од вкупното членство на друштвото, на што сме посебно горди.